МИЛОШОСКИ ЛАЖЕ, НЕКА КАЖЕ КОЈ Е РЕКЕТИРАНИОТ БИЗНИСМЕН НАДВОР ОД ГОВОРНИЦАТА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ВО СОБРАНИЕТО

    МИЛОШОСКИ ЛАЖЕ, НЕКА КАЖЕ КОЈ Е РЕКЕТИРАНИОТ БИЗНИСМЕН НАДВОР ОД ГОВОРНИЦАТА, КАЖА ЗАЕВ НА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ВО СОБРАНИЕТОПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски кажа дека не е задоволен од одговорот на премиерот Зоран Заев бидејќи вели дека цитирал што пишуваат медиумите за бизнисмен кој се жалел во Белоруската амбасада во Белград. (Фото: К. Попов)

    Да не се крие зад собраниската говорница и ако има сознанија за случајот „Рекет“ да ги пријави во обвинителството, одговори премиерот Зоран Заев на пратеникот Антонио Милошоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

    „Никој кај мене не бил од Белоруската амбасада. Обврска е на секој граѓанин, на истражните органи да постапат, да се каже дека некој рекетиран бизнисмен се жалел во белоруската амбасада што учествувал на тендер на ЕЛЕМ“, рече Заев.

    Милошоски кажа дека не е задоволен од одговорот бидејќи цитира што пишуваат медиумите дека бизнисмен се жалел во Белоруската амбасада во Белград и дали некој од амбасадата му се јавил.

    „Ова се манипулации и бесрамни лаги. Никој нема право да се крие зад говорницата. Нека го каже овој бизнисмен надвор од говорницата. Тврдењето дека на бизнисмен му се побарани 250 илјади евра, директно да се пријави, а не на говорница. Сум бил опозиција и надвор од говорница сум зборувал и сум пријавувал, без оглед кој бил обвинител“, рече Заев.

    Бесрамно лажете дека Љупчо Зафировски е ангажиран како посебен советник, затоа што е во пријателски односи со семејството Заеви, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеникот Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница за пратенички прашања.

    Милошовски праша колку пати се сретнал со второосомничениот во случајот „Рекет“, Заев одговори дека со второосомничениот се сретнал на заедничка средба со деловни луѓе, меѓу кои и инвеститор од Австралија, кој работи со рудникот во Крива Паланка.

    Претходно пратеникот Милошовски рече дека во одговорот што го добил од МНР е дека министерот Никола Димитров не се знае со посебниот советник за кој премиерот тврдел дека тој има посебни врски со францускиот претседател Емануел Макрон.

    „Љупчо Зафировски нема трансакциска сметка и парите од граѓаните се уплаќаат во Белград, оти должи на доверители. Се занимава со извоз на прехранбени и земјоделски производи и работи со фирмите на вашето семејство“, рече Милошовски.

    Заев на тоа одговори дека треба да излезе надвор од говорница за да добие тужба.

    „Компаниите на семејството Заеви никогаш не соработувало со Зафировски. Канцеларијата за надворешни соработници, секој што може да помогне и да придонесе е мое право да го одберам. Вие ли најдовте да зборите дека нема записник од телефонските разговори, или за советниците. Во ваше време нема ниеден записник од телефонски разговори и во ваше време во МНР беше ангажирана сопругата на Влатко Ѓорчев“, рече Заев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира