МИЛОШОСКИ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА ИСТРАГАТА „МОЌНИК“

    МИЛОШОСКИ НА РАСПИТ ВО СЈО ЗА ИСТРАГАТА „МОЌНИК“Во случајот „Моќник“, Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. - Милошоски пристигнува во СЈО (Фото: СДК.МК)

    На распит во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) утринава е пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски. Поранешниот министер за надворешни работи влезе во зградата на СЈО околу 9.30 часот и чека да биде повикан во рамки на истрагата „Моќник“, каде што тој е главен осомничен.

    СЈО отвори предистрага против Антонијо Милошоски, неговиот татко, поранешниот градоначалник на Македонски Брод и уште 11 лица на 18 март.

    Во случајот „Моќник“, Милошоски е осомничен дека овозможил по ниски цени да биде распродаден државен имот на негови блиски луѓе. Вкупно се осомничени 13 лица. При презентирање на случајот, обвинителката Фатиме Фетаи рече дека во заблуда бил донесен советот на општината да отуѓи и продаде задружен дом со што била нанесена штета од 50 илјади евра во 2011 година и притоа се направени кривичните дела Измама и Злоупотреба на службената положба и овластувања.

    Но, оваа истрага не ги опфаќа само злоупотребите и измамите со задружниот дом, туку и други дела поврзани со моќта на Милошоски како пратеник на власт. Се претпоставува дека делот со Томе Аџиев е поврзан со бомбата каде Антонијо му нарачува лустрација на неподобен судија од Кичево, Аџиев послушно ја прифаќа нарачката.

    Вчера на распит во СЈО беше и Аџиев.

    М. ИЛИОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира