Минималната плата од март 2024 година ќе биде 22.500 денари, објави министерот за економија Крешник Бектеши. Во моментов, минималната плата изнесува 20.175 денари.
„Од март 2024 година, најниската плата во земјава минимум 22.500 денари! Двојно поголема од минималната плата во 2017 година“, објави министерот Бектеши.
Минималната плата се усогласува секој март и предвид се земаат пресметките на Државниот завод за статистика за трошоците за живот и порастот на просечната плата.