МИНИСТЕРКАТА БЕТИ СЕ ОТЕПА ФАЛЕЈЌИ ГО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕВСКИ КОЈ Е ВО КУЌЕН ПРИТВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МИНИСТЕРКАТА БЕТИ СЕ ОТЕПА ФАЛЕЈЌИ ГО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕВСКИ КОЈ Е ВО КУЌЕН ПРИТВОР

    Битолскиот градоначалник Владимир Талески не ги слушна денеска пофалбите од министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Тој веќе трет ден е во домашен притвор како првоосомничен во случајот на СЈО „Транспортер“. Присутните се изненадија зошто толку пофалби за градоначалникот изречени на настан -Шекспир фестивал – кој годинава не е во рамките на Битфест, чиј покровител беше градоначалникот Талевски.

    На денешната прес конференција за Шекспир фестивалот министерката за култура неколку минути се заблагодаруваше на Талески за придонесот што го дал за културен развој на Битола.

    „Да изразам голема благодарност до градоначалникот Владимир Талески за огромната поддршка на културата и уметноста , таа одлична соработка меѓу централната и локалната власт е успешен пример токму во Битола и сакам лично да се заблагодарам за неговиот огромен придонес за културниот равој во Битола, во богатата културна понуда што ја видовме во изминатиот период и голема заложба за издигнувањен на културата во Битола….“. рече министерката.

    Министерството за култура со Талески соработуваа на многу проекти. Последниот настан на кој заедно се појавија Канческа Милевска и Талески беше уредувањето на еврејските гробишта во Музејски парк.  Тогаш министерката го држеше Талески под рака.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари