МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    МИНИСТЕРОТ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Нема информации од СДСМ дали по заразувањето на Спасовски во изолација ќе одат и премиерот Заев и останатите партиски функционери кои беа во негова близина за време на конгресот во неделата (Фото: СДСМ)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е позитивен на ковид-19, објави доцна во понеделник навечер лично тој на неговиот фејсбук профил.

    Спасовски напиша дека „и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, добив позитивен резултат за ковид 19“.

    Спасовски објави дека клиничката слика му е добра, дека има благи симптоми и веќе е во домашна изолација.

    Тој во неделата беше во друштво на премиерот Зоран Заев и неколкуте високи партиски функционери на СДСМ за време на дигиталниот конгрес на владејачката партија.

    Нема информации од СДСМ дали по заразувањето на Спасовски во изолација ќе одат и премиерот Заев и останатите партиски функционери кои беа во негова близина.

    Во понеделникот, Спасовски се појави на акција за засадување дрва по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации во околината на Велес. На акцијата имаше претставници на Обединетите нации и дел од дипломатскиот кор во земјава. На настанот беше присутен и премиерот Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира