МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БИЛЕН САЉИЈИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈАТА НА ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА АЛМИР

    МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА БИЛЕН САЉИЈИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈАТА НА ОБВИНЕНИЕТО ЗА ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА АЛМИРЈавното обвинителство го преквалификуваше делото од убиство со умисла во сообраќајна несреќа со смртни последици. - Министерот Билен Саљији (Фото: СДК.МК)

    Министерот за правда Билен Саљији поднесе оставка поради преквалификацијата на обвинението од страна на Јавното обвинителство за смртта на малиот Алмир од Куманово. На вечерашната прес-конференција во Владата, Саљији рече дека кога станал министер бил убеден дека правосудството треба да се изгради во демократско општество, односно дека ја поддржува политиката на Владата за едно општество за сите.

    „Но, довербата е разнишаната во правосудството. Затоа, поради преквалификување на обвинението за Алмир од морални причини поднесувам оставка“, рече Саљији.

    По прес-конференцијата, не беа дозволени прашања и Саљији веднаш си замина. Јавното обвинителство го преквалификуваше делото од убиство со умисла во сообраќајна несреќа со смртни последици.

    4-годишниот Алмир во јуни 2016 година беше прегазен пред Здравствениот дом Куманово, по банална расправија на неговите родители и обвинетиот Бобан Илиќ, кој минатата недела беше пуштен од притвор.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира