МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НУХИУ НАЈАВИ ОСТАВКА ОТИ НЕ УСПЕАЛ ДА ЈА ТРГНЕ ПОЛИТИКАТА ОД МВР

    МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ НУХИУ НАЈАВИ ОСТАВКА ОТИ НЕ УСПЕАЛ ДА ЈА ТРГНЕ ПОЛИТИКАТА ОД МВРОколу парламентот денеска се распоредени бројни полициски сили, кои не дозволуваат никому да се приближи до Собранието. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу најави дека од лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе бара да го повлече од функцијата министер, од морални причини.

    „Чувствувам морална одговорност што не успеав да го тргнам влијанието на политиката во Министерството за внатрешни работи со кое раководам овие неколку месеци. Ќе барам мое повлекување за тоа. Но, дотогаш ќе обезбедам мирен трансфер на власта, но и одговорност од раководните структури на МВР и на оперативниот штаб на кој за раководно лице беше назначен директорот за јавна безбедност Митко Чавков“, рече на прес-конференцијата во МВР министерот Нухиу.

    Тој апелираше до државниот обвинител Марко Зврлевски да се вклучи со цел најбрзо да се расчисти, како однесувањето на Чавков во МВР, така и синоќешните насилства во Собранието, кое резултираше со 100-тина повредени пратеници од СДСМ, протестанти, насилници и припадници на полицијата. Апелираше Јавното обвинителство да ги најде, како што рече, директно одговорните за крвавиот настан во Собранието.

    „Дел од структурите во МВР синоќа не си ја завршија работата, за што ќе мора да сносат одговорност. Имаше формирано оперативен штаб во услови на мирни протести, во услови на избор на претседател на Собранието, и за избор на Влада. Раководител беше Митко Чавков. Од почетокот на ескалацијата на насилствата во Собранието, до 20 часот, Чавков не беше достапен за мене, иако го барав по телефон, а и лично во оперативниот штаб“, обвини министерот Нухиу.

    Тој најави дека внатрешната контрола ќе утврди одговорност, како на Чавков, така и на вработените во МВР кои одбивале да постапуваат по неговите и наредби и место тоа, постапувале по наредби, како што рече, на политички центар.

    Нухиу се заблагодари на полицајците кои професионално си ја завршија работата, за кои, рече, се во најголем број за среќа во МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира