Владата го задолжи Министерството за економија во рок од седум дена да достави информација за можноста за раскинување на договорот за концесија за рудникот Казандол кај Валандово, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Тој кажа дека Економија треба да достави и информација за можноста за одземање на дозволата за експлатација на минерални суровини во Казандол.
Одземање на дозволата за рудникот Казандол изминативе две години бараат жителите на Валандово, Дојран и Богданци. Тие стравуваат дека со отворање на рудникот кај Казандол целата животна средина ќе биде загрозена, а со тоа и нивното здравје.