МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ТРЕБА ДА ЈА УТВРДИ ВАЛИДНОСТА НА ВРАБОТУВАЊАТА НА ТОКСИКОЛОГИЈА, ЗАКОНОТ Е ДЕЦИДЕН ДЕКА МОРА ДА СЕ ПОТПИШАНИ ОД ДВАЈЦАТА ДИРЕКТОРИ, ВЕЛИ САНИТАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ТРЕБА ДА ЈА УТВРДИ ВАЛИДНОСТА НА ВРАБОТУВАЊАТА НА ТОКСИКОЛОГИЈА, ЗАКОНОТ Е ДЕЦИДЕН ДЕКА МОРА ДА СЕ ПОТПИШАНИ ОД ДВАЈЦАТА ДИРЕКТОРИ, ВЕЛИ САНИТАРНИОТ ИНСПЕКТОРАТСкандалите на Клиниката започнаа од крајот на минатиот месец, кога со писмо и со прес-конфереција, вработени од Клиниката како и доктори со долгодишно искуство реагираа дека економската директорка Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. (Фото: К. Попов)

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе испрати предмет до Министерството за здравство да ја провери валдидноста на договорите за вработувања на Клиниката за токсикологија, кои се потпишани само од организациската директорка Бесија Иљази, кажа денеска директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

    Клиниката периодов има само организациска директорка, Иљази, откако министерот за здравство Илир Демири на 14 мај го разреши медицинскиот директор д-р Данил Петровски.

    Младеновска кажа дека денеска извршиле контрола на Клиниката, откако на 2 мај издадоа решение во кое се забрани пристап на здравствени работници и работници кои немаат важечки договори за вработување и обавување на здравствена дејност.

    „Денеска констатиравме фактичка состојба дека по истото решение е постапено заклучно со 15. 5., датум кога се потпишани договорите за вработување на овие лица кои беа спорни во изминатиот период.
    Што се однесува до потпишување на акти на самата клиника од организацискиот и медицинскиот директор кои имаат заедничка надлежност, во Законот за здравствена заштита децидно стои дека договори за вработување треба да бидат потпишани од двајцата директори, како и за отказни решенија, јавни набавки,
    Во овој случај станува збор за договори за вработување кои се потпишани само од орагнизацискиот директор
    Согласно Законот за здравствена заштита, законодавецот не предвидел глоба за оваа проблематика и за таа цел ДСЗИ ќе го испрати предмет до Министерството за здравство за да ја провери валидноста“, рече Младеновска.

    Директорката додада дека сега за сега нема казни и санкции, но Министерството за здраство има ингеренции за постапува за валидноста и дека за тоа треба да се изјасни правниот сектор.

    Скандалите на Клиниката започнаа од крајот на минатиот месец, кога со писмо и со прес-конфереција, вработени од Клиниката како и доктори со долгодишно искуство реагираа дека економската директорка Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира