МИРНА НОВОГОДИШНА НОЌ ЗА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА, НЕМА ФАТЕНО МАСОВНИ ЗАБАВИ И ГРУПИРАЊА ПО ВИКЕНДИЦИ

    МИРНА НОВОГОДИШНА НОЌ ЗА ПОЛИЦИЈАТА ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА, НЕМА ФАТЕНО МАСОВНИ ЗАБАВИ И ГРУПИРАЊА ПО ВИКЕНДИЦИПолицијата водеше секојдневна кампања дека ќе растура забави по викендици и станови за Нова Година, а беше воведена и бесплатна линија за пријавување. (архивска фотографија)

    Првичните извештаи од полициските станици зборуваат за мирна ноќ во целата држава во однос на забавите и групирањата во викендички и изнајмени станови, велат од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК. Нема откриени случаи на забави и непочитување на препораките од здравствените и од безбедносните власти во текот на новогодишната ноќ.

    Но, само на територијата Скопје вчера и ноќеска биле изречени вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 4 казни, 8 мерки за користење на мобилен телефон, 4 за нерегистрирани возила. Казнети се двајца граѓани кои возеле под дејство на алкохол, а напишани се и 20 казни за непрописно паркирани возила.

    Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 322 прекршоци. МВР во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 322 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со вирусот ковид-19.

    На Клиничкиот центар во Скопје ноќеска се примени десет алкохолизирани пациенти, од кои најмладиот имал 16 години, а најстариот 67 години, за кој кажаа дека бил хроничен алкохоличар.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира