МИСЛАМ ДЕКА НАЈДОВМЕ КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ЗА МАКЕДОНИЈА, КАЖА МАКРОН

    МИСЛАМ ДЕКА НАЈДОВМЕ КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ ЗА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ЗА МАКЕДОНИЈА, КАЖА МАКРОНМакрон на денешната прес-конференција на самитот на НАТО во Шпанија. (Фото: Елисејска палата/принтскрин)

    Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека е најден компромис за Преговарачката рамка за членство на Македонија во Европската унија, кој ја вклучува и Бугарија. 

    „Мислам дека најдовме компромисно решение што ја зема предвид чувствителноста на двете страни. Во Бугарија предлогот е прифатен од претседателот и премиерот и сега оди на разгледување во Македонија“, кажа Макрон на прес-конференција на НАТО самитот во Шпанија.

    На прес-конференцијата, тој спомна дека предлогот е доставен до министерот за надворешни работи Бујар Османи и дека тој ќе се разгледува во македонските институции.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира