МИЦКОСКИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА

    МИЦКОСКИ ГО ДОБИ МАНДАТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВАКоалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат албанската опозиција Вреди и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски. (Фото: К. Попов)

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска му го додели мандатот за формирање Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Со тоа, сега течат роковите од 20 дена за формирање и изгласување на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Коалициони партнери на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат албанската опозиција Вреди и партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

    Претседателот на Собранието Африм Гаши беше изгласан со 76 гласа ‘за‘, па овој резултат и преговоритие кои се во тек ми даваат за право основано да сметам дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има сериозна можност да формира Влада, односно да освои 61 глас при гласањето на владиниот состав“, рече Сиљановска-Давкова.

    Мицкоски по доделување на мандатот кажа дека новата влада ќе биде избрана пред крајниот рок и дека го имаат потребното мнозинство, но најпрво чекаат да помине Законот за реорганизација на министерствата, за кој е потребно дво-третинско мнозинство.

    ВМРО-ДПМНЕ има 58 пратеници, Вреди 14, а ЗНАМ 6. Идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има нови министерства, а исто така дел од постојните ќе се реорганизираат. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вчера во Собранието поднесе Предлог-закон за измена на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка. Со тоа идната Влада ќе има 24 члена, односно премиерот и 23 министри, а сегашната брои 20. Оваа точка ќе биде на дневен ред на седница на Собранието утре, а како што кажа Мицкоски очекува за неа да се гласа најдоцна до 10 јуни. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира