МИЦКОСКИ И КУРТИ ГО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ЗАЕДНИЧКИОТ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН БЛАЦЕ-ЕЛЕЗ ХАН

    МИЦКОСКИ И КУРТИ ГО ПУШТИЈА ВО УПОТРЕБА ЗАЕДНИЧКИОТ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН БЛАЦЕ-ЕЛЕЗ ХАНОтсега македонско-косовската граница ќе се поминува со едно застанување. - Мицкоски и Курти на денешната промоција (Фото: Влада)

    Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и неговиот косовски колега Албин Курти денеска го пуштија во употреба заедничкиот граничен премин Долно Блаце-Елез Хан, со што профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop). Изградена е нова физичка и дигитална инфраструктура со која е воспоставен систем кој овозможува само едно застанување и една пасошка контрола.

    Мицкоски, на свеченоста по повод пуштањето во употреба на системот рече дека осовременувањето на граничниот премин е отворање на нова перспектива за граѓаните, стопанството и за регионот.

    „Заедничкиот премин, организиран според принципот ‘One stop shop’, значи едно застанување наместо две, едно чекање наместо двојно губење време, еден увид наместо две одделни контроли. Денешниот ден ќе остане забележан како ден кога одлучивме дека иднината почнува овде – со еден пасош, со едно застанување, во две држави кои гледаат во иста европска насока“, кажа Мицкоски на промоцијата.

    Курти рече дека по подолг период ангажманот и посветеноста резултирале со проект од голема важност за граѓаните на Македонија и Косово.

    „Отсега па натаму граѓаните ќе бидат проверувани само при влез во земјата, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку современиот технолошки систем. Само во 2024 година над пет милиони граѓани ги поминале трите гранични премини меѓу двете држави, што укажува на врската меѓу нашите граѓани, но и потребата за слободен и брз проток на луѓе и стока“, рече Курти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира