Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара распуштање на Собранието и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори на прес-конференцијата вечерва пред партиското седиште по изгласувањето на уставните измени.
Мицкоски кажа дека неговата партија не ја поддржува промената на Уставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, додавајќи дека со Договорот од Преспа се нанесува огромна штета и неправда врз македонската држава.
„ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските избори според законските прописи, и врз основа на минатото искуство, и на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи“, изјави Мицкоски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите минтиот месец најави дека ќе ги распише претседателските избори на 2 или 3 февруари.