Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера се сретна со унгарскиот премиер и претседател на Фидес Виктор Орбан на маргините на самитот на Европската народна партија во Софија и ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите, соопшти опозициската партија.
„На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес. Воедно од страна на премиерот на Република Унгарија, Виктор Орбан беше афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски. Претседателот Мицкоски ја искористи приликата да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.