МИЦОТАКИС ВЕЛИ ДЕКА ГРЦИЈА НЕМА ДА ГИ РАТИФИКУВА МЕМОРАНДУМИТЕ ЗА СОРАБОТКА СЀ ДОДЕКА НЕ БИДАТ УБЕДЕНИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

    МИЦОТАКИС ВЕЛИ ДЕКА ГРЦИЈА НЕМА ДА ГИ РАТИФИКУВА МЕМОРАНДУМИТЕ ЗА СОРАБОТКА СЀ ДОДЕКА НЕ БИДАТ УБЕДЕНИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПАМицотакис ја даде изјавата откако опозициската Сириза ги поднесе на ратификација во грчкиот парламент трите меморандуми. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка, потпишани со македонската влада, сè додека, како што кажа тој, Скопје целосно не го испочитува Договорот од Преспа.

    „Нема да ги ратификуваме меморандумите сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна ги почитува сите одредби од Договорот од Преспа“, изјави Мицотакис за грчката телевизија „Скај“.

    Мицотакис ја даде изјавата откако опозициската Сириза ги поднесе на ратификација во грчкиот парламент трите меморандуми и откако новата македонска претседателка Гордана Сиљановска-Давкова кажа само „Македонија“ при инаугурацијата во македонскиот парламент.

    „Јас предупредив со јасна изјава новата влада во Скопје дека секое отстапување од имплементацијата на договорот сигурно ќе има сериозни последици за нашите односи со Северна Македонија и исто така за европскиот пат на земјата“, додаде тој.

    Тој смета дека ако ги ратификува меморандумите, Грција ќе ги изгуби средствата што ги има на располагање за врши притисок врз Македонија за да го почитува Договорот од Преспа.

    Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на Радарот за воздухопловни операции (FIR) Скопје. Тие се дел од обврските на Грција преземени со потпишувањето на Преспанскиот договор, а кои веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира