МЛАДИТЕ БАРАAT ОД НОВАТА ВЛАДА БЕСПЛАТНИ КОНДОМИ И АНТИБЕБИ ПИЛУЛИ

    МЛАДИТЕ БАРАAT ОД НОВАТА ВЛАДА БЕСПЛАТНИ КОНДОМИ И АНТИБЕБИ ПИЛУЛИНедостигот од финансиски средства, стравот од осудувачкиот однос на медицинскиот персонал, и недоволно фукционалните центри за јавно здравје го отежнуваат пристапот до контрацепција, велат од ХЕРА. (Фото: Фејсбук/Скриншот од промотивното видео на ХЕРА)

    Младите од новата Влада бараат орална контрацепција на позитивна листа на лекови и бесплатни кондоми. Ова е едно од барањата на младите од невладината ХЕРА како дел од манифестот за сексуално и репродуктивно здравје и права Визија 2020 на Меѓународната федерација за планирано родителство (МФПР).

    „Од новата Влада бараме да го добиеме тоа што ни следува, пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје! Бараме и сеопфатно сексуално образование во училиштата, младински пријателски центри за сексуално и репродуктивно здравје!“, велат младите од ХЕРА.
    Активистите од ХЕРА велат дека секојдневно се залагаат за унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на сите граѓани.

    „Сакаме да ја потсетиме јавноста, а особено новата Влада, дека Македонија е на дното на листата по употреба на контрацепција во Европа. Хламидијата е во постојан пораст и бројките се загрижувачки, односно од 0,4 во 2004 година стапката на морбидитет пораснала на 29,4 во 2014. Само 1,6 отсто од млади до 29 години користат орална контрацепција, а само 12,8 отсто од паровите користат какво било модерно средство за контрацепција. Стапката на тинејџерска бременост, како и на абортуси, во оваа возрасна група е неколкупати повисока од онаа во ЕУ. Овие бројки можат да се намалат, но за тоа се потребни конкретни мерки од институциите“, велат од ХЕРА.

    Оваа состојба, според ХЕРА, е резултат на недоволна информираност за постојните методи на контрацепција, стравот и предрасудите за нивното дејство, отежнатиот пристап до контрацепција.
    „На ова состојба влијаат и недостигот од финансиски средства, стравот од осудувачкиот однос на медицинскиот персонал, и недоволно фукционалните центри за јавно здравје во кои младите треба да се информираат за своето сексуално и репродуктивно здравје“, велат од ХЕРА.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира