МЛЕКОТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ЗА 10 ОТСТО, А ТЕСТЕНИНИТЕ ЗА 15, ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ

    МЛЕКОТО И МЛЕЧНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЌЕ ПОЕВТИНАТ ЗА 10 ОТСТО, А ТЕСТЕНИНИТЕ ЗА 15, ВЛАДАТА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕНамалувањето ќе биде од цената по која се продавале производите на 1 март. (Фото: К.Попов)

    Од 16 март цените на млекото и млечните производи ќе се намалат за 10 отсто, а на тестенините за 15, соопштија денеска премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши. На денешната владина седница донесена е одлука за замрзнување на цените на овие производи.

    Се замрзнуваат цените на млечните производи и тоа трајното кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, урда, кравјото бело сирење и мешаното бело сирење, кравји кашкавал со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан, киселото млеко, павлаката и јогуртот без додатоци.

    Од тестенините за 8 до 9 денари ќе се намалат цените на шпагетите и макароните.

    За 10 односно 15 отсто треба да се намалат од цената по која се продавале овие производи на 1 март. Тоа значи ако на 1 март млекото се продавало 76 денари од 16 март цената треба е за 7,6 денари пониска. Ако во меѓувреме после 1 март некој производител ги намалил цените, пак цена по која се врши намалувањето ќе биде онаа по која го продавале производот на 1 март“, рече министерот Бектеши.

    Владата од 1 март ја замрзна на 33 денари цената на белиот и полубелиот леб.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира