МНР Е ВО КОМУНИКАЦИЈА СО ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ ДА ОТКРИЕ ДАЛИ ИМА ЗАГИНАТИ ИЛИ ПОВРЕДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ИСТАНБУЛ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МНР Е ВО КОМУНИКАЦИЈА СО ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ ДА ОТКРИЕ ДАЛИ ИМА ЗАГИНАТИ ИЛИ ПОВРЕДЕНИ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ВО ИСТАНБУЛ

    Министерството за надворешни работи на Македонија нема информации дали во терористичкиот напад на Истанбулскиот аеродром има загинати или повредени македонски државјани.

    „Преку нашата амбасада во Анкара и конзулатот во Истанбул сме во постојана комуникација со турските власти и штом имаме било каква информација веднаш ќе ја информираме јавноста“, изјавија од МНР.

    Најмалку 36 загинале и 147 се повредени во терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдирим доцна ноќеска. Бројот на жртви од комбинираниот напад на тројца бомбаши самоубијци се уште не е конечен. Нападот се случи на меѓународониот  терминал за пристигнувања на аеродромот „Ататурк“, кој со Скопје е поврзан со две авионски линии дневно на Туркиш ерлајнс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира