МНР СЕ ПОПЛАВИ ОД ИЗЛЕАНА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:47:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМК.МК)

    МНР СЕ ПОПЛАВИ ОД ИЗЛЕАНА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА

    Поплавеното градилиште кај зградата на Министерството за надворешни работи е последица на излеани фекалии, откако компанијата што го гради објекотот несоодветно извела поместувањето на фекалниот колектор.

    Направениот бајпас пропаднал и фекалиите се излеале, создавајќи мало езеро кај МНР и зградата на Управата за финансиската полиција, по што ЈП „Водовод и канализација“ синоќа мораше да ги блокира улицата „Филип Втори“ и мостот „Слобода“ за да ги испумпа насобраните фекалии, предизвикувајќи голема сообраќајна гужва во центарот на градот.mnr-voda-2

    Утринава, околу 10.30 часот, екипа на САКАМДАКАЖАМ.МК регистрираше дека се уште се испумпува вода и улицата повторно беше блокирана, но сега од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека е проодно.mnr-voda-3

    Од Јавното претпријатие најавија дека ќе го тужат изведувачот и ќе бараат оштета за направената штета и за санирањето на истата.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира