Американскиот амбасадор Џес Бејли кажа дека тие што се одговорни за настаните од 27 април мора да се соочат со одговорноста за случувањата, но процесот, исто така, мора да ја почитува презумпцијата на невиност. Тој додадека дека Амбасадата на САД будно ги следи настаните поврзани со случувањата во Собранието на 27 април и дека полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да дејствуваат транспаретно, со почитување на највисоките стандарди при изведувањето на овој процес.
„Полицијата, обвинителството и правосудниот систем мора да работат транспарентно, со почитување на највисоките стандарди. САД и Европската Унија истакнаа дека тие што се одговорни за настаните од 27 април мора да се соочат со одговорноста за случувањата, но процесот, исто така, мора да ја почитува презумпцијата на невиност“, рече Бејли по денешната средба во Собранието на спикерот Талат Џафери со Лаура Купер, вршителка на должноста заменик-помошник на секретарот за одбрана на САД.
Бејли беше прашан и дали заменик-помошникот на државниот секретар на САД, Брајан Хојт Ји, ќе биде новиот амбасадор во Македонија.
„Единственото тело кое може да потврди дали е тоа точно или не, е Белата куќа“, одговори Бејли.