МОЖЕБИ ПАНЧЕВСКИ ИМА ДОКАЗИ ЗА ДУЌАНЧИЊА НА НЕКОИ СУДИИ, ВЕЛИ КАРАЏОВСКИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ

    МОЖЕБИ ПАНЧЕВСКИ ИМА ДОКАЗИ ЗА ДУЌАНЧИЊА НА НЕКОИ СУДИИ, ВЕЛИ КАРАЏОВСКИ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ

    Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет, вели дека ќе ја испитува веродостојноста на изјавата на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски за САКАМДАКАЖАМ.МК, во која тој за првпат кажува дека во најголемиот суд во Македонија, на чие чело е, има судии – дуќанчиња, судии чешмички, алудирајќи на корумпирани колеги.
    “Тоа претседателот Панчевски го кажал пред вас, за вашиот медиум, ние сега треба да испитаме во каков контекст го кажал. Не можам во овој миг да ви дадам изјава. Ќе разговараме и со него. Може Панчевски има докази против некои судии од Кривичниот суд за корумпираност. Се што е во надлежност на Судскиот совет, ќе преземеме“, ни одговори претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски што ќе преземе Советот по оваа изјава., која е практично повик од претседателот на Основниот суд Скопје 1 таму да се истражи работа на некои од судиите.
    Претседателот на Кривичниот суд Владимир Панчевски, по вчерашниот инцидент во кој вербално и физички била нападната портпаролката на Судот од нејзин колега, на што претходеше бунт од 15 судии од овој суд, кои со петиција побараа од Судскиот совет да го заузда Панчевски да не го злоупотребува официјалниот веб сајт на судот за приватни цели и да не го валка угледот на судиите од овој суд, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави:
    Кои се тие 15 судии, зошто се кријат? Стојат зад пресуди, а ваму се кријат со скратен потпис. Знаете што, секој судија во Основниот суд Скопје 1 е дуќанче, секој судија е чешмичка. Чешмичките им се затворија, па затоа се бесни“.
    Панчевски останува на оваа изјава, но инсистира дека тоа не се однесува за сите судии: “Секоја чест на мнозинството судии во Основниот суд Скопје 1, кои се чесни и со интегритет!“, вели тој. 
    На прашање што се случува последниве две-три недели во дворот на најголемиот суд во Македонија, Панчевски вели:
    Чудно е ова, веќе не е смешно. Нема ден да нема некоја монтировка. Само знам дека ништо не е случајно. Не беше случајно ни интервјуто на претседателката Лидија Неделкова во кое изнесе критики кон мене. Можам да кажам дека од измислени работи тешко се бега. Но, не се откажувам од кандидатурата за повторен избор. Ќе издржам до последен здив“.
    Соња КОЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира