МОЖНО Е УТРЕ ДА СТИГНАТ ПРВИТЕ ВАКЦИНИ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    МОЖНО Е УТРЕ ДА СТИГНАТ ПРВИТЕ ВАКЦИНИ, РЕЧЕ ЗАЕВЗаев кажа дека кинеската вакцина ќе стигне на 15 или 16 февруари.(Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев денес најави дека е можно утре земјава да ги добие првите вакцини.

    „Секој ден се надеваме вакцините час поскоро да стигнат во земјава. Имаме најави дека може и утре да стигнат првите дози, но тоа не е уште сигурно, точно ќе знаеме попладне“, кажа Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за енергетска транзиција.

    Заев не кажа за која вакцина станува збор. Додаде дека кинеската „Синофарм“ се очекува да стигне на 15 или 16 февруари и дека во текот на денешниот ден ќе биде извршено плаќањето, по што ќе се договори транспортот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира