МУ СМРЗНАЛЕ ПРСТИТЕ ОТИ ЧИСТЕЛ СНЕГ БЕЗ РАКАВИЦИ, 158 ПАЦИЕНТИ СО СКРШЕНИЦИ ОД МРАЗОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МУ СМРЗНАЛЕ ПРСТИТЕ ОТИ ЧИСТЕЛ СНЕГ БЕЗ РАКАВИЦИ, 158 ПАЦИЕНТИ СО СКРШЕНИЦИ ОД МРАЗОТ

    На Клиниката за хируршки болести “Св.Наум Охридски“ е хоспитализиран пациент со смрзнатини на рацете. Лекарите велат дека прстите на човекот му замрзнале бидејќи во дворот го чистел снегот без ракавици. Од петокот досега, во оваа болница примени се 105 пациенти со скршеници, дисторзии и контузии, кои ги добиле откако паднале на мразот.

    “Пациентот со смрзнатите прсти подолго време бил надвор и чистел снег без ракавици. Прво го чистел автомобилот, а потоа и дворот од снег и му премрзнале рацете. Смрзнатината не е од висок степен, но го задржавме на лекување. Од овие 105 пациенти што од петокот досега се јавија кај нас, на лекување во болница се задржани осум“, вели д-р Јасмина Чабуковска, директор на “Св.Наум Охридски“. Таа вели дека од овие стотина пациенти што се јавиле кај нив најчесто се со скршеници на надлактица и на подлактица, а потоа се скршениците на рачен зглоб.

    “Имавме и тројца пациенти со скршени колкови. Двајца се веќе оперирани, а третиот е на домашно лекување. Потоа имавме пациенти со дисторзии предизвикани на рацете и нозете од паѓање на мразот, а денес имавме и еден со контузии на главата“, вели д-р Чабуковска.

    Најчесто пациентите се на возраст над 50 години, а меѓу повредените има и десетина деца.

    “Луѓето кога излегуваат надвор задолжително да носат топла облека, дебели чорапи и обувки кои не се лизгаат. На рацете да имаат ракавици ако подолго време се надвор и учествуваат во расчистување на снегот пред нивните домови“, вели д-р Чабуковска.

    Добар начин да се избегне лизгање на мразот е да се стават чорапи врз чевлите.

    Од четвртокот досега во Градската општа болница “8-ми септември“ се јавиле 19 пациенти со фрактури, но лекарите не знаат дали паднале дома или надвор на мразот. Најчести се скршениците на раце и нозе, а меѓу повредените има и едно 14-годишно дете.

    На Ургентен центар во скопските клиники од четвртокот досега третирани се 34 пациенти со фрактури, кои ги добиле оти се лизнале на снегот и мразот. Од нив осум се хоспитализирани, бидејќи скршениците биле потешки и била неопходна операција. Останатите по пружената медицинска помош се пуштени дома. Повеќето се повозрасни, а меѓу повредените нема деца.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира