МУКОСКИ НАПЛАТИЛ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДРЖАВАТА ЗА ЗАНАЕТЧИСКИ РАБОТИ, ВЛАДАТА БАРА МВР ДА ГИ ИСТРАЖИ ТЕНДЕРИТЕ

    МУКОСКИ НАПЛАТИЛ 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ДРЖАВАТА ЗА ЗАНАЕТЧИСКИ РАБОТИ, ВЛАДАТА БАРА МВР ДА ГИ ИСТРАЖИ ТЕНДЕРИТЕСпоред податоците од Бирото за јавни набавки, во периодот од 2014 до 2017 година АД за станбен и деловен простор со фирмата на Муковски склучила договори во вредност од околу 3,5 милиони евра. - Крсто Мукоски среде толпата што упадна на 27 април во Собранието (Фото: СДК.МК)

    Владата побарала од МВР да спроведе истрага за тендерите што ги добил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски преку неговата фрима „Атриум ДОО“. Мукоски за три и пол години добил тендери во вредност од 3,5 милиони евра од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор и Владата се сомнева дека со штетни договори бил оштетен буџетот на државата.

    Крсто Мукоски беше еден од пратените кои на 27 април ги отворија отворија вратите на Собранието и ги насочуваа насилниците каде да ги најдат пратениците од СДСМ, Алијансата на Албанците и од ДУИ.

    Генералниот секретаријат на Владата доставил барање до МВР да почнат истрага, за како што велат, штетните договори со фирмата на Мукоски, кои од 2012 до 2017 година ги склучувало од акционерското друштво и со кои е оштетен државниот буџет.

    „Со оглед на достапната документација со која располагаат службите на Владата, постојат индиции дека се користени дампинг цени за стоки и услуги кои не биле користени и за кои реално немало потреба, иако биле наведени во техничките спецификации во постаките за јавни набавки. Исто така постојат индиции дека  фирмата ‘Артиум’ доставувала понуди со нереални поединечни цени  кои повеќекратко се разликуваат од пазарните цени и услуги кои биле користени по склучување на договорите“, се вели во барањето на Генералниот секретаријат до МВР.

    Генералниот секретаријат на Владата до МВР испратило како докази и понуди врз основа на кои се склучувале штетните договори.

    Според податоците од Бирото за јавни набавки, во периодот од 2014 до 2017 година АД за станбен и деловен простор со фирмата на Мукоски склучила договори во вредност од околу 3,5 милиони евра. На 13 јануари годинава склучен е договор во висина од еден милион евра за изведба на градежни, занаетчиски и инсталатерски работи на објектот Ѓорѓи Василев број 44 во Струмица. Лани на 14 јуни биле склучени три договори за тековно и инвестициско одржување на објекти со кои стопанисува акционерското друшво, за што на фирмата на Мукоски му биле исплатени околу 630.000 евра. На 28 јули во 2015 за градежни, занаетчиски и инсталатерски работи за објект во Кичево бил склучен договор во вредност од еден милион евра, за по осум месеци за непредвидени работи на истиот објект да се исплатат плус 50.000 евра. На 20 октомври 2014 за тековно одржување на објекти Мукоски добил околу 600.000 евра. На 18 февруари 2014 година е склучен договор од 115.000 евра за непредвидени работи за тековно одржување на објекти.

    Од поранешниот директор на АД за станбен и деловен простор Цветко Грозданов, во чии време биле склучувани договорите со Мукоски, не добивме одговор.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира