МУЦУНСКИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД НАТО ЗА ПОМОШТА ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

    МУЦУНСКИ ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АМБАСАДОРИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ ОД НАТО ЗА ПОМОШТА ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИНа 27 март 2020 година Република Северна Македонија стана 30. земја членка на НАТО. (Фото: МНР)

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на работната средба со амбасадорите од земјите членки и партнерите на НАТО, по повод петгодишнината од членството на Македонија во Алијансата, се заблагодари за помошта по неодамнешната трагедија во Кочани.

    „Брзата реакција покажа колку е силна солидарноста, која е клучна карактеристика на нашиот сојуз и беше демонстрирана од срце. Овој настан ја потврди важноста на солидарноста, која мораме да ја негуваме како темелна вредност во нашите односи. Уште еднаш ви благодариме за поддршката и сочувството во тешките моменти за нашата земја“, изјави Муцунски.

    Министерот зборуваше и за посветеноста на Владата да ја расветли трагедијата.

    „Како Влада, ги преземаме сите неопходни чекори за целосна истрага на случајот, вклучително и изведување пред лицето на правдата на сите инволвирани кои придонеле за несреќата. Владата е решена да се бори против корупцијата и сите девијантни појави кои го ослабуваат нашиот систем. Нема да го дозволиме тоа. Нашата цел е да ја зајакнеме довербата и да ја унапредиме функционалноста на системот, во кој граѓаните ќе имаат целосна доверба“, рече Муцунски пред амбасадорите на земјите членки и партнери на Алијансата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира