Министерството за внатрешни работи бара 450 илјади евра отштета од поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски, кој е обвинет во предметот на СЈО „Триста“ за злоупотреби при набавката на 300 возила за полицијата. Дополнително, МВР бара и 223 илјади денари од Поповски за судски трошоци.
Денеска во Основниот суд Скопје 1 се одржаа завршните зборови за „Триста“, а изрекувањето на пресудата е закажано за 22 мај во 12 часот.
Поповски е обвинет и во предметот на СЈО „Тенк“, заедно со поранешната министерка Гордана Јанкулоска и експремиерот Никола Груевски, за набавката на луксузниот мерцедес.