МВР Е СПРЕМНО ДА ГИ ДОСТАВИ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ КОГА И ДА БИДАТ

    МВР Е СПРЕМНО ДА ГИ ДОСТАВИ ПОДАТОЦИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ КОГА И ДА БИДАТВчера требаше ДИК да има седница, да се поместат датумите во роковникот според изборниот ден 5 јули и почетокот на кампањата денеска. - Од првиот круг претседателските избори на 19 април 2019 (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи веќе го испратило до Државната изборна комисија првиот сет на податоци за лицата кои наполниле 18 години за ажурирање на Избирачкиот список, а за вториот сет податоци оттаму велат дека треба само да пресметаат колку 18-годишници ќе има до датумот за избори.

    „Вчера е испратен првиот сет на податоци. За вториот сет на податоци, чекаме да се исполни еден од условите: или да се објави денот на избори, или да престане вонредната состојба. Или, тоа би значело 22 дена по престанокот на вонредната состојба е денот на изборите, согласно владината Уредба, па така и ние би можеле да пресметаме до тој датум колку вкупно 18-годишници ќе има и би ја доставиле и таа листа до ДИК, со која сме во постојана комуникација“, стои во вчерашниот одговор на МВР до САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Ни утрово нема закажано седница на Државната изборна комисија, иако од вчера нема вонредна состојба, а денеска е првиот законски ден од изборната кампања. Вчера требаше ДИК да има седница, да се поместат датумите во роковникот според изборниот ден 5 јули и почетокот на кампањата денеска.

    Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски спомна можен датум за избори кон средината на јули, ДУИ не се спротивстави на можниот датум 15 јули, а веќе денеска СДСМ најавува дека ќе излезе со став.

    За да се стокми комплетно Избирачкиот список, треба уште апдејт на податоците од Службата за матичната книга за починатите лица, како и од судовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира