МВР И ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТИ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ КОЈ СЕ ШИРИ КОН МАТКА КАЈ СКОПЈЕ

    МВР И ФРАНЦУСКИ ЕКСПЕРТИ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ КОЈ СЕ ШИРИ КОН МАТКА КАЈ СКОПЈЕАктивни се три пожари во земјава, но според ЦУК, нема опасност да стигнат до населени места. - По пожарот во Будинарци, Малешевско. (Фото: К. Попов)

    Во моментов има три активни пожари во земјава, а педестина припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) и неколкумина француски експерти за гаснење пожари  интервенираат кај пожарот во селото Раовиќ, рече Надица В’чкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    „Синоќа, кај селото Раовиќ, Сарај дојде до разгорување на пожарот, каде во еден момент се гледаа 10 жаришта на линија од 2 километра и едно одделно жариште на 5-6 километри од останатите жаришта. Утрово, пожарот чади на повеќе места и со можност да се разгори прошири од селото Буковиќ кон селата Чајлане и Матка. Таму во моментов интервенираат од МВР и француските експерти за гаснење на пожари“, кажа В’чкова.

    Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје е сѐ уште активен и проширен кон висорамнината Витачево, кон село Страгово во Кавадарци. На овој пожар гори сува трева и нискостеблеста шума на тешко пристапен терен. Во Барово дејствуваат 60-тина припадници на полицијата заедно со припадници на армијата, а активен е пожарот во атарот на селото Горно Мелничани, Центар Жупа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира