МВР ЌЕ ГО СПРЕЧИ И САНКЦИОНИРА СЕКОЈ ВИД ПРИТИСОК НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ВО КУМАНОВО

    МВР ЌЕ ГО СПРЕЧИ И САНКЦИОНИРА СЕКОЈ ВИД ПРИТИСОК НА РЕФЕРЕНДУМОТ, РЕЧЕ СПАСОВСКИ ВО КУМАНОВО„Тајноста на гласот е гарантирана и ќе биде санкциониран каков било обид за загрозување на слободното изразување на волјата на граѓаните“, кажа Спасовски, кој денеска беше во посета на СВР Куманово (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повика граѓаните, ако некој врши притисок врз нив или ги заплашува во врска со гласањето во недела, тоа да го пријават во најблиската полициска станица.

    „Тајноста на гласот е гарантирана и ќе биде санкциониран каков било обид за загрозување на слободното изразување на волјата на граѓаните. МВР е подготвено за референдумот во недела, а, согласно законите, секаков вид на притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран“, рече Спасовски при денешната посета на СВР Куманово и локалната самоуправа.

    Тој рече дека на оваа, како и на посетите на СВР-ата и полициските станици што ги имал во текот на септември, се разговарало за претстојниот референдум во недела и мерките кои МВР ги презема за се да помине во најдобар ред односно да се овозможи слободно изразување на волјата на граѓаните.

    Спасовски најави дека во буџетот за 2019 година се предвидени средства за изградба на нов објект на СВР Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира