МВР МУ ГО УКИНА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА МИЈАЛКОВ

    МВР МУ ГО УКИНА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА МИЈАЛКОВМВР ја донело одлуката деновиве, по извршени безбедносни проценки дека на Мијалков и на неговото семејство не им се заканува никаква опасност. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи му го укинало обезбедувањето на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кое што го имал од редот на вработените за обезбедување на личности, уште по оставката на функцијата во мај 2015 година.

    Како што дознаваме неофицијално, одлуката МВР ја донело деновиве, по извршени безбедносни проценки дека на Мијалков и на неговото семејство не им се заканува никаква опасност.

    Од бившите функционери на МВР, ексминистерката Гордана Јанкулоска одамна не користи обезбедување од министерството, таа на судењата доаѓа сама, т. е. со адвокат во придружба.

    И експремиерот Никола Груевски се појавува во јавноста со повеќечлено обезбедување, сите вработени во шестата управа на МВР. Според Законот за Влада, бившите премиери имаат право на обезбедување и службено возило во времетраeње на извршувањето на функцијата, а во случајот на Груевски тоа е 10 години.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира