МВР ПОСТАПУВА ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР, ОВА НЕ Е БУЦНИ ПРАЧКА, ПИЈ ВИНО, РЕЧЕ ТОШКОВСКИ

    МВР ПОСТАПУВА ЗА ДИВОГРАДБИТЕ ВО ЧАИР, ОВА НЕ Е БУЦНИ ПРАЧКА, ПИЈ ВИНО, РЕЧЕ ТОШКОВСКИТошковски рече дека за дивоградбите во Чаир има наредба од јавен обвинител по која постапува МВР. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внетрешни работи постапува по пријавите на градоначалничката Данела Арсовска за дивоградби во Општина Чаир, кажа денеска министерот Панче Тошковски.

    „За разлика од претходно воспоставениот систем, сега МВР покажува дека можело да има бескомпромисна борба против секој кој ќе се огреши. За дивоградби во Чаир има наредба од јавен обвинител и Министерството постапува по неа. Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино. Ве уверувам дека како и за сите предмети, нема да оставиме под знак прашање ниту еден предмет, ќе постапиме како во секоја европска држава“, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата за една година раководење со Министерството.

    Арсовска на 31 мај достави документи во Обвинителството за незаконски легализации на дивоградби, а на 26 јуни на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) му достави докази за нови, како што рече, криминални легализации од градоначалникот Висар Ганиу.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира