МВР ТРЕБА ДА ЈА ИЗВЕСТИ ДИК КОЛКУ ОД 107.000 ЗАПИСИ СЕ ПРОВЕРЕНИ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:174:"Заовиегласачикоисеуштепостојатвосписокот,сепретпоставувадекасеиселенивостранство

    МВР ТРЕБА ДА ЈА ИЗВЕСТИ ДИК КОЛКУ ОД 107.000 ЗАПИСИ СЕ ПРОВЕРЕНИ

    Државната изборна комисија на денешната отворена седница што ја најавува, треба да со разгледа одговорот од МВР за најголемата бројка на гласачи која Министерството треба административно да ја проверува. Тоа се 107 илјади записи во Избирачкиот список, кои до први јули лани ги имало во базата на податоци на некоја од институциите, а оттогаш ги нема никаде. За овие гласачи кои се уште постојат во списокот, се претпоставува дека се исселени во странство.
    Оваа бројка првин изнесуваше 124.000 граѓани, но подоцна, при анализите, се испостави дека 16.000 од нив биле проверени на терен или по други основи.
    Денеска ќе се види најпрво дали има одговор од МВР, дали почнале проверките и колку записи се проверени. ДИК ќе констатира колку од нив се конзистентни, колку не се. Се зависи од одговорот од МВР, ни изјавија од Комисијата.
    На вчерашната седница, ДИК едногласно одлучи да се обрати до МВР да достави информација за граѓани родени во Пустец, односно во мала Преспа, а се наоѓаат на Избирачкиот список. ДИК едногласно одлучи да побара од МВР и да одговори дали е покрената постапка за утврдување на основот за стекнување на `ивеалиште на гласачите кои се со потекло од Пустец.
    МВР треба да избрише и 40.000 гласачи од теренската проверка, процес кој мора да го спроведе со управна постапка, но случај по случај. Само за таа постапка на Министерството ќе му бидат потребни околу 100 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира