Поради зголемен број на барања за лични документи од граѓани на територијата на Скопје, но и дека доаѓа период на летните годишни одмори, МВР го помести работното време во управните служби од 8.30, во 7.30 часот наутро.
Новото работно време се однесува на седиштето на Одделението за управни работи во Скопје во зградата на Македонска радио- телевизија, како и во неколку дисперзирани канцеларии на ниво на Град Скопје со цел да им овозможи на граѓаните навремен и ефикасен пристап до правото да поднесат барање за издавање на лични документи.
Од утре, 28.05 (четврток), секој работен ден од понеделник до петок , работното време во седиштето на Одделението за управни работи Скопје во МТВ како и дисперзираните канцеларии во „Беко” и „Ѓорче Петров”, ќе биде од 07.30 часот до 20.00 часот.
Во дисперзираните канцеларии за управни работи во „Бутел” и „Драчево” работното време од понеделник до петок ќе биде од 10.00 до 18 .00 часот, соопшти МВР.