НА 16 ЈУНИ ВО ШТИП ПОЧНУВА КАРАВАНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“

    НА 16 ЈУНИ ВО ШТИП ПОЧНУВА КАРАВАНОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“Караванот за вработување ќе трае до 16 до 22 јуни и ќе посети шест македонски градови. (Фото: „Лидл Северна Македонија)

    Од 16 јуни во „Штип Сити мол“ во Штип почнува караванот за вработување на „Лидл Северна Македонија“, како дел од кампањата за вработување „Добра игра. Фер плеј“. Караванот ќе помнине во шест градови во Македонија, преку кој ќе ги претстави можностите за кариера во компанијата.

    Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни места во логистичкиот центар на „Лидл“ во Куманово, како и во идните маркети на компанијата низ  земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој.

    По првиот настан во Штип, караванот продолжува на 17 јуни во Струмица, во „Симбол ритеил парк“, потоа на 18 јуни на градскиот плоштад во Гевгелија, кај фонтаната, на 19 јуни во Куманово во „Плаза мол“, како и на 20 јуни во Скопје, во „Ист гејт мол“. Караванот ќе заврши на 22 јуни во Струга, кај хотелот „Дрим“.

    „Со караванот за вработување, „Лидл Северна Македонија“ продолжува да го гради својот тим во земјава, нудејќи им на кандидатите можност да станат дел од една од водечките малопродажни компании во Европа и пошироко. Компанијата нуди јасен и структуриран процес на вработување, како и сеопфатна обука за сите нови вработени. Како дел од голем меѓународен малопродажен синџир, „Лидл Северна Македонија“ на своите вработени им обезбедува сигурна и стабилна работна средина, јасни можности за учење и напредување, како и низа дополнителни придобивки“, велат од компанијата и упатуваат на својата интернет страница jobs.lidl.mk  за повеќе информации за отворените работни места  и процесот на аплицирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира