НА 27 АПРИЛ ДОБИВ ДОЗВОЛА ОД КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ, ВЕЛИ ЖИВАЉЕВИЌ

    НА 27 АПРИЛ ДОБИВ ДОЗВОЛА ОД КАБИНЕТОТ НА ИВАНОВ, ВЕЛИ ЖИВАЉЕВИЌСрпскиот разузнавач тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во соопштението намерно го изоставила претседателот Ѓорге Иванов (Фото: СДК.МК)

    Српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ кажа дека за неговото присуство во Собранието на 27 април добил дозвола од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, демантирајќи ги тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не добил дозвола од македонските институции да влезе во парламентот за време на организираниот напад.

    „Моето пријавување за активностите таа вечер, на 27 април, беше насочено кон самиот Кабинет на претседателот и неговиот советник за безбедност“, изјави Живаљевиќ вечерва за српската агенција „Танјуг“, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во соопштението намерно го изоставила претседателот.

    Живаљевиќ рече дека добил одобрување за присуство од советникот за безбедност на Иванов, Синиша Алексовски, кој ја знаел причината за неговото присуство во Собранието и за тоа бил известен.

    ВМРО-ДПМНЕ попладнево соопшти дека ниту една институција која на 27 април била раководена од нивен кадар не дала согласност на српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ, вработен во српската амбасада во Скопје, да влезе во Собранието, како што вчера изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира