НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ГЛЕДАЈТЕ КАКО НА ПОЛУПОЛНА, А НЕ ПОЛУПРАЗНА ЧАША, ИЗЈАВИ ЗАЕВ

    НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА ГЛЕДАЈТЕ КАКО НА ПОЛУПОЛНА, А НЕ ПОЛУПРАЗНА ЧАША, ИЗЈАВИ ЗАЕВАј да почнеме со малку повеќе храброст и лидерство да ги водиме граѓаните - Зоран Заев и Бојко Борисов на 20 јуни во Софија кога го најавија потпишувањето на договорот за добрососедство со кој Бугарија ќе се отстрани како пречка за влез во ЕУ

    Договорот со Бугарија отвара сериозни перспективи за Макеоднија и Македонија ќе има големи придобивки, уверува премиерот Зоран Заев по барањето на опозицијата за него да се расправа на итна седница на Собранието.

    „Договорот ќе биде склучен и конечен кога ќе го ратификува парламентот“, изјави Заев во петокот во Штип.

    Договорот за добрососедство треба да го потпишат премиерите на двете држави Бојко Борисов и Зоран Заев на 1 август во Скопје.

    „Парламентот гласа. Ако е нешто на штета на Македонија, парламентот има одговорност директно пред граѓаните и да не се плашиме, тој парламент нема да гласа. Ако е нешто добро за Република Макеоднија парламентот ќе гласа. Сакам да знаете дека јас, како упатен политичар кој што и понатаму бара поддршка од граѓаните, нема да дозволам влакно да и фали на Македонија во нејзините перспективи“, изјави Заев и додаде дека „договорот е севкупен бенефит за сите наши граѓани, затварање на едно поглавје што беше проблематично, во најава на една влада која што сака да решава проблеми и да отвара перспективи за граѓаните“.

    „Јас сум радосен што седевме и власт и опоозиција, и Македонци и Албанци и Турци и Роми, сите заедно дебатираме за нешто што е од национален интерес.

    Тоа само по себе е придобивка и се надевам дека сите ќе го поддржиме договорот, гледајќи од аспектот дали чашата е полуполна или полупразна. Ај да почнеме да ја гледаме чашата полуполна, и со малку повеќе храброст и лидерство да ги водиме граѓаните, и Парламентот и Владата и сите заедно“, изјави премиерот Зоран Заев одгаварајќи на барањето на опозицијата за итна седница на Собранието.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира