НА КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ, СЕПАК ПОЧНА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА И ВО ВП ДОМ „ТЕТОВО”, ЗАТВОРЕНИТЕ ДЕЦА ПРЕСРЕЌНИ

НА КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУГОДИЕ, СЕПАК ПОЧНА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА И ВО ВП ДОМ „ТЕТОВО”, ЗАТВОРЕНИТЕ ДЕЦА ПРЕСРЕЌНИДиректорот Даниел Антоски и министерот за правда Никола Тупанчески во обиколка на ВП домот во Волковија. (Фото: СДК.МК)

Над 20 деца и младинци, штитеници на Воспитно-поправниот дом „Тетово”, од кои девет се целосно неписмени, од денеска ја продолжија наставата, која не почна речиси цело полугодие.

„Прекинатата настава во ВП Дом ‘Тетово’, која не се реализираше од септември, денеска конечно продолжи. Наставата продолжува  со помош на УНДП и Министерството за образование и наука, кое ги обнови договорите со наставниците од училиштето ‘Макаренко’. Денес има радост во Домот. Штитениците се пресреќни што половина од денот ќе бидат на настава”, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот Даниел Антоски, кој алармираше за тоа дека во август Министерството за образование и наука не ги потпиша договорите со наставниот кадар, поради што не почна наставата.

Минатата недела Народниот правобранител, побара итно државата, односно министерството, да обезбеди школување на овие затворени деца и младинци со судски пресуди. 

Надлежната за заштита на детските права Васка Бајрамовска-Мустафа, беше во ВП домот да изврши увид што прават штитениците по цел ден без настава, како се чувствуваат и колкумина од тие деца се писмени.

Таа ги затекна несреќни, како седат и не знаат со себе што да прават по цел ден, додека државата, односно МОН, им го кршат основното право и уставно загарантирано право на образование.

Штитениците на Бајрамовска-Мустафа ѝ кажале дека сакаат да бидат вклучени во образовниот процес, дека им недостасува наставата, со оглед дека сакаат да се описменат кое нешто ќе им користи во иднина по напуштање на Домот, оти кога следат образование, поисполнет им е денот со активности.

С. К. ДЕЛЕВСКА

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира