НА МЕСТОТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА НИКО БЕЌАРОСКИ ДОАЃА НАГИП ЗУМБЕРИ, НЕОФИЦИЈАЛНО НА БАРАЊЕ НА БЕСА

    НА МЕСТОТО НА ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА НИКО БЕЌАРОСКИ ДОАЃА НАГИП ЗУМБЕРИ, НЕОФИЦИЈАЛНО НА БАРАЊЕ НА БЕСАД-р Нико Беќароски за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека денес го известиле дека веќе не е вршител на должноста директор, а дека сѐ уште не е направена смената.-Клиника за токсикологија (Фото:СДК.МК)

    Нов в .д. директор на Клиниката за токсикологија е д-р Нагип Зумбери, сменет е досегашниот в.д. директор д-р Нико Беќароски. Д-р Беќароски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека денес го известиле оти веќе не е вршител на должноста директор, а дека сѐ уште не е направена смената.

    „Наједноставно, смена на в. д. директори. Денес ме викнаа и ме известија дека клиниката ќе има нов в. д. директор. Сѐ уште не е направена смената, најверојатно од утре ќе стапи на сила“, рече д-р Беќароски.

    Тој вечерва на својот својот фејсбук профил  им се заблагодари на колегите од Универзитетската клиника за токсикологија и на новоназначениот в. д. директор Нагип Зумбери му посака многу успех, мудрост и верба.

    Неофицијално, за смената на Токсикологија, наводно се ослободува уште едно место за кадар поддржан од политичката партија БЕСА, што е дел од пазарот направен за обезбедувањето двотретинско мнозинство за уставните промени по Договорот од Преспа за промена на името во Република Северна Македонија.

    Извори од Министерство за здравство велат дека освен в. д. директорот на Токсикологија, сменет е и в. д. директорот на општата болница во Велес д-р Димитар Стровјаноски. На негово место доаѓа д-р Божидар Бојаџиев.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира