НА НАСТАВНИЦИТЕ НЕМА ДА ИМ БИДЕ СКРАТЕНА ПЛАТАТА ЗА ДЕНОВИТЕ ДОДЕКА ШТРАЈКУВАА

    НА НАСТАВНИЦИТЕ НЕМА ДА ИМ БИДЕ СКРАТЕНА ПЛАТАТА ЗА ДЕНОВИТЕ ДОДЕКА ШТРАЈКУВААИзмените на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“ и штом бидат објавени за еден-два дена ќе се пристапи кон исплата на платите согласно овие измени.(Фото: К.Попов)

    На наставниците нема да им бидат скратени платите за деновите кога штрајкуваа. Ова беше договорено на денешната средба меѓу Министерството за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) Јаким Неделков.

    Министерката за труд и социјална политика Тренчевска кажа дека денеска се потпишани измените и дополнувањата на Колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк на вработените во секторот детска заштита.

    Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое се согласија двете страни да платите во дејноста на детските градинки и во образованието се зголемат за 15 проценти. Значи сите делови кои беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот Колективен договор“, кажа Тренчевска.

    Измените на Колективниот договор, како што посочи министерката, се испратени во „Службен весник“ и штом бидат објавени за еден-два дена ќе се пристапи кон исплата на платите согласно овие измени.

    СОНК и Министерството за образование во понеделникот договорија покачување на платите на наставниците и вработените во градинките за 15 отсто од септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира