НА НЕОБЈАВЕНА ВЕСТ НИ СТИГНУВАШЕ ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, СВЕДОЧЕШЕ НОВИНАРКАТА КАТЕРИНА ЦАНЕВСКА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ

    НА НЕОБЈАВЕНА ВЕСТ НИ СТИГНУВАШЕ ДЕМАНТ ОД ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, СВЕДОЧЕШЕ НОВИНАРКАТА КАТЕРИНА ЦАНЕВСКА ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕМеѓу шесте телефони на новинарката Катерина Цаневска што ѝ ги слушале, еден бил приватен, а на него зборела само со мајка и. И таа најави оштетно побарување. (Фото: К. Попов)

    Прв од незаконски прислушуваните новинари, политичари, граѓани, денеска во Кривичниот суд Скопје сведочеше поранешниот пратеник и ексминистер Горан Сугарески.

    Кажа дека во партијата СДСМ дознал оти бил со години прислушуван од УБК како пратеник. Се обратил до СЈО, каде што беа преслушувани разговорите дадени од СДСМ, таму му потврдиле дека бил следен со години. Оштетно побарување не побара.

    Обвинетата Гордана Јанкулоска која се товари за уништување на опремата за прислушување, на денешното рочиште официјално побара и таа да биде сослушана како оштетена, т.е. заедно со оваа група од 20-ина сведоци.

    Следен сведочеше новинарот Саше Димовски. Рече дека смета оти бил следен од 2010 година кога објавил транскрипти од прислушувани поранешни обвинители. Потоа на претседателка на суд и го претресувале телефонот да ги читаат пораките нејзини со сведокот. Во 2013 година кога како новинар договарал соговорници за теми, да се видат во живо по нивно барање, бидејќи не било безбедно по телефон, потоа тие не се појавувале на договореното место.

    „Кога ја добив папката со разговори, силно се вознемирив. Имав разговори со луѓе кои не беа веќе живи, приватни разговори. Имаше разговори по грешка во мојата папка. Моите разговори што ги читале 100 луѓе, по грешка отишле во друга папка, ги прочитале уште 100. Мои најприватни, службени и интимни разговори. Тоа силно ме вознемири. Шеќерот отиде до плафон, добив слепило, ногата ми е делумно ампутирана. Барам оштетно побарување од 200 илјади евра”, кажа Димовски.

    Во папката имало и извештај од еден работен ден од страна на УБК, во расказна форма.

    „Како ќе изгледа денешниот работен ден на Фокус: Саше и се јави на Ирена, и кажа тоа и тоа. Потоа Ирена и се јави на Јадранка, зборуваа за тоа и тоа. Потоа…”, раскажуваше сведокот Димовски.

    Следна беше новинарката Кате Цаневска, сега вработена во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

    „Како уредници на вести се договаравме како ќе оди најавата. Ако вестите беа во 19 часот на тогашната А1 ТВ на пример, во 18.55 часот, на уште непочнати вести и необјавен прилог, ние добивавме демант од Владата на ВМРО-ДПМНЕ”, кажа Цаневска.

    Меѓу шесте телефони што и ги слушале, еден бил приватен, а на него зборела само со мајка и. И Цаневска најави оштетно побарување.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира