Обвинителките Вилма Русковска и Ивана Трајчева на денешното судење за „Рекет“ презентираат приватна видеоснимка дадена од пријавувачот Орце Камчев за рекет од првообвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, направена на 20.2.2019 година.
Камчев дента ги снимал Јовановски и Зоран Милевски – Кичевскиот со најмалку три камери. Тоа попладне првин кај два часот доаѓа сам Милевски и излегува без торба. За два часа се враќа со Боки 13 и за кратко време откај Камчев излегуваат со 2 торби, едната „луј витон“ која ја носи Јовановски, другата црна патна торба, во рацете на Милевски.
Седнуваат во портокалов џип и си одат двајцата од домот на Камчев.
Следуваат нови снимки, се очекува да биде прикажана непрекината и целосна снимка како Камчев брои 1,5 милион евра и ги става во двете торби што ги носат Милевски и Јовановски.
С. К. ДЕЛЕВСКА