НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ИМ ВРАТИВМЕ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО ИМ ГИ УКРАДЕ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА, ВЕЛИ ЦАРОВСКА

    НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ИМ ВРАТИВМЕ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ШТО ИМ ГИ УКРАДЕ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА, ВЕЛИ ЦАРОВСКАНа први септември граѓаните добија една исплата, онаа која што е задоцнета, и сега на 14 септември имавме втора исплата, во истиот месец, за да ја исправиме неправдата која што пред шест години им била направена“, вели министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. (Фото:МТСП)

    Над 30 илјади граѓани приматели на социјална помош и туѓа нега од претходната власт биле оштетени за над 240 милиони денари. Ова денес го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која рече дека од овој месец е воспоставена редовна динамика на исплата на правата за социјална парична помош и паричниот надоместок за помош и нега од друго лице, позната како туѓа нега.

    ,,Во 2011 година на граѓаните кои што примале социјална помош и туѓа нега им е украдена една исплата. Надоместот за ноември за туѓа нега и за социјална парична помош место да го добијат во декември, го добиле во јануари 2012 година. Со ова се случува скратување на еден месец во исплата на правата. Со ова биле оштетени повеќе од 30 илјади граѓани, со вкупна сума од над 240 милиони денари“, рече Царовска.
    Таа кажа дека Министреството за труд и социјална политка овој месец направи две исплати на социјална парична помош и на туѓа нега.

    „На први септември граѓаните добија една исплата, онаа која што е задоцнета, и сега на 14 септември имавме втора исплата, во истиот месец, за да ја исправиме неправдата која што пред шест години им била направена. За оваа задоцнета исплата, со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 200 милиони денари. Ова не е единствен пример со кој се правел удар токму врз грбот на најранливите категории во изминатите 11 години’’​, рече Царовска.

    Таа најави дека наредната недела ќе ја информира јавноста за злоупотребите што се правени при добивање и исплата на социјалната помош, и дека социјалната и детската инспекција се постојано на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира