Непријавената работа сочинува околу 21.1% од вкупниот трудов придонес и тоа најмногу во преработувачката индустрија и градежниот сектор, се вели во новото детално истражување на неформалната економија во земјава на Институтот Фајненс тинк од Скопје. Истражувањето дава увид во неформалните работници, непријавената работа и нецелосното пријавување на доходот во домаќинствата.
Според податоците, домаќинствата не пријавуваат приближно 9.7 милијарди денари (над 150 милиони евра), при што непријавувањето на приходи од вработување е на ниво од 3.7%, додека приходи од наемнина имаат висока стапка од 70.4%.
Во преработувачката индустрија позастапено е подпријавувањето на плати, познато како плата во плико, додека кај градежништвото и трговијата позастапени се целосно непријавени работници.
За ефикасно справување со непријавена работа и непријавувањето приходи, во истражувањето на Фајненс тинк се препорачува „поттикнување стартапи во сектори со ниска продуктивност, понуда на таргетирана финансиска помош и подобрување на механизмите за мониторинг“