Над 100 лица беа повредени за време на синоќешниот напад на Собранието, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од повредените, кои побарале помош во скопските клиники, тројца се пратеници, 22-ца се полицајци и 70-мина се цивили, а во касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.
Дел од повредените пратеници и граѓани помош побарале во приватни клиники, па вкупната бројка е сигурно поголема.