НАД ИЛЈАДА ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИВААТ ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТА ЗА 78 ОТСТО, ДРЖАВАТА ЈА ЧИНАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ 15,5 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ГОДИНАВА

    НАД ИЛЈАДА ФУНКЦИОНЕРИ ДОБИВААТ ЗГОЛЕМЕНА ПЛАТА ЗА 78 ОТСТО, ДРЖАВАТА ЈА ЧИНАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ 15,5 МИЛИОНИ ЕВРА САМО ГОДИНАВАДосега платата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари. - Министерот за финансии Фатмир Бесими (Фото: СДК.МК)

    Зголемена плата за 78 отсто земаат 1.060 функционери и за таа намена до крајот на годинава од државниот буџет ќе се потрошат дополнителни 15,5 милиони евра, кажа денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Зголемувањето на функционерските плати доаѓа по мартовската одлука на Уставниот суд да укине член од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица со кој тие беа замрзнати изминатите десетина години.

    На денешната средба со новинарите, Бесими кажа дека досега платата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари.

    „Добро е што Уставниот суд го укина спорниот член од 2012 година за коефициентите на платите наместо да го поништи. Ако го поништеше, на функционерите ќе требаше да им се исплати заостанат долг за речиси 11 години со затезни камати“, рече Бесими.

    За разлика од функционерите, Бесими вели дека сега не е време за зголемување на платите во јавниот сектор, бидејќи ќе имало импликации на инфлацијата и препорачува зголемувањето на плати да се имплементира од 2024 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира