Државната награда „23 Октомври“, годинава нема да се додели. Како што велат од Министерството за култура наградата не може да се додели поради блокадата на собраниската комисија за избори и именувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Поради блокадата не можел да се избере Одборот за доделување на наградата во Собранието и другите постапки поврзани со распишувањето на конкурсот.
„Наградата ја доделува Одборот за доделување на Државната награда ‘23 Октомври’, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Одборот за доделување на наградата имаше мандат до 16 февруари 2017 година. Новата Влада беше формирана на 30 мај 2017 година, а поради претходната блокада на собраниските комисии од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, веќе беа пробиени законските рокови и за конкурсот кој трае од 1 до 30 април“, велат од Министерството за култура.
Со оглед на тоа дека мандатот на Одборот е завршен а Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието во тој период не била формирана, Одделението за доделување на државни награди побарало мислење од Министерството за правда и од Антикорупциската комисија за тоа дали тогашниот одбор, може да ја продолжи својата работа, сè до именување на нови членови. Од двете институции им било речено дека не се надлежни во врска со ова прашање