НАЈДОЦНА ДО УТРЕ ЌЕ ГИ ОБЈАВИМЕ ИМИЊАТА НА ЛУЃЕТО КОИ ОДБИВААТ ДА ПРИМАТ РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    НАЈДОЦНА ДО УТРЕ ЌЕ ГИ ОБЈАВИМЕ ИМИЊАТА НА ЛУЃЕТО КОИ ОДБИВААТ ДА ПРИМАТ РЕШЕНИЈА ЗА ИЗОЛАЦИЈА, КАЖА ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко Филипче за овие луѓе рече дека се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче рече дека денеска, најдоцна утре, јавно ќе бидат објавени имињата на луѓето кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација, за време на посетата на прилепската Општа болница, објави државната агенција МИА. Станува збор за 450 такви решенија.

    „Станува збор за 450 решенија за кои очекувавме помош од МВР, но тие не се поделија, ги вратија назад. Веројатно дека денеска или најдоцна утре ќе започнеме таканаречена јавна објава зашто, едноставно, луѓето не се достапни или даваат погрешни податоци во анкетните листови“, изјави Филипче.

    За овие луѓе тој рече дека се огромен ризик ако се асимптоматски носители на вирусот и доколку се движат помеѓу луѓе и не ја почитуваат самоизолацијата може болеста да ја шират.

    „Сметам дека овие денови и тоа ќе биде решено“, кажа Филипче.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира