НАЈГОЛЕМИ ПРОМАШУВАЊА НА ВЛАДАТА СЕ НЕСМЕНЕТИТЕ НАЧАЛНИЦИ И КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ДИМОВСКИ

    НАЈГОЛЕМИ ПРОМАШУВАЊА НА ВЛАДАТА СЕ НЕСМЕНЕТИТЕ НАЧАЛНИЦИ И КАДРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, МУ ОДГОВОРИ ЗАЕВ НА ДИМОВСКИПремиер Зоран Заев и пратеникот Илија Димовски на денешната седница за пратенички прашања. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ако треба прецизно да наведам кои се кадровските промашувања на новата влада, тоа се несменетите началници и раководители од ВМРО-ДПМНЕ, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, на прашањето да наброи пет кадровски промашувања на владата.

    „Ако треба прецизно да набројам, тоа се несменети началници и раководители од ВМРО-ДПМНЕ.  Околу 25 отсто од институциите не се преземени, уште има кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Некои ќе останат, тие што работат добро. А, ако имало досега некој што треба да се смени, тоа треба да се утврди низ постапка. Многу од кадровските решенија се само вршители на должност. Сите наредни постапки за назначување кадри ќе се водат на транспарентен начин. Ќе видите непартиски луѓе во многу институции, како и досега. Прв приоритет мора да биде квалитетот, потоа искуството, а на крајот и општествената, интелектуалната и професионалната припадност на кадрите“, рече Заев.

    Денеска во Собранието се одржува првата седница за пратенички прашања со владата на Зоран Заев.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира