Најмалку шест сегашни членки на ЕВропската Унија (ЕУ) не ги исполнуваат Копенхашките критериуми за влез во Унијата, според анализата на три алатки за вештачката интелигенција (ВИ) со кои ја направивме симулацијата. Еден од главните услови за една земја да стане членка на Европската Унија е првин да ги исполни строгите Копенхашки критериуми. Овие критериуми се донесени во 1992 година на конференцијата во Копенхаген и претставуваат суштински услови за секоја земја која сака да се приклучи на Европската Унија. Тие се однесуваат на политичката стабилност, економската функционалност и усвојувањето на законодавството на ЕУ, односно административно-правните критериуми.
Одговорот на прашањето дали сите сегашни 27 членки на ЕУ дeнес ги исполнуваат овие критериуми го побаравме од алатки за вештачка интелигенција. Анализата ја побаравме според овие насоки:
„Да претпоставиме дека сите сегашни 27 членки на Европската Унија треба повторно да поминат низ процесот за влез во Унијата и при што треба стриктно да се запазат Копенхашките критериуми за пристапување. Анализирај ја моменталната политичка, економска и административно-правна состојба во сите овие 27 земји и дај ни информација кои од нив не ги исполнуваат Копенхашките критериуми“.
Најпопуларната и најпозната ВИ Четџипити (Chatgpt) го даде следниов одговор:
„Ако денес сите 27 земји членки на ЕУ би морале повторно да аплицираат под строгите Копенхашки критериуми, резултатот би бил повеќеслојна селекција. Политичкиот критериум – стабилна демократија, владеење на правото и почитување на човековите права, би бил најтешкиот филтер. Унгарија, поради системско уназадување во судството, медиумската слобода и дискриминацијата врз ЛГБТИ+ заедницата, веројатно би ја загубила шансата уште во првиот круг. Словачка ризикува „унгарско сценарио“ со брзата демонтажа на антикорупциските институции и нападите врз невладините организации и медиумите. Малта е подолгорочно е на удар поради сериозни не решени скандали со корупција и заробени институции, а Полска, која штотуку излезе од шестгодишна санкциска постапка, останува под засилено набљудување“, вели ВИ и продолжува за дугите критериуми.
„Економскиот критериум бара земјата да има функционална пазарна економија и да го издржи притисокот на конкуренцијата. Грција, Италија и Франција сè уште го прекршуваат Пактот за стабилност и раст со јавен долг далеку над 100 % БДП и препораките од Советот на Европа за намалување на прекумерниот дефицит. Романија и Малта се во истиот дефицитарен клуб, што би го довело во прашање нивниот капацитет да издржат нови надворешни шокови“.
За административно‑правниот критериум, односно способноста да се примени целокупното европско право и ефективно да се користат средствата на ЕУ, вели „ повторно би бил камен на сопнување за Бугарија и Романија, чиј напредок во борбата против корупцијата и независноста на судството останува скромен“.
Критериумот за заштита на малцинствата дополнително би исфрлил неколку членки.
„Во Латвија и Естонија јазичните реформи де‑факто го маргинализираат руското малцинство во образованието и јавната администрација. Во Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија, Ромите и понатаму се соочуваат со системска дискриминација и сегрегација. Полска и уште неколку источноевропски земји допрва треба целосно да ги адресираат претходните ‘зони без ЛГБТИ идеологија’ како услов за политички напредок“.
„Заклучокот е дека под денешни, построги аршини во ЕУ би влегле северните и западноевропските држави со стабилни институции и ниска корупција (Данска, Финска, Холандија, Германија и скандинавскиот блок), додека најмалку шест сегашни членки – Унгарија, Словачка, Малта, Бугарија, Романија, а можеби Франција или Италија поради економските проблеми, би останале пред вратата на ЕУ сè додека не ги санираат слабостите во владеењето на правото, јавните финансии и заштитата на малцинствата“, вели вештачката интелигенција Четџипити.

Ако денес сите 27 земји членки на ЕУ би морале повторно да аплицираат под строгите Копенхашки критериуми, резултатот би бил повеќеслојна селекција, вели ВИ алатката Четџипити.
ВИ алатката Копилот (Copilot) на Мајкрософт дава слични резултати, но има и нови податоци.
Според Копилот, исто така во неисполнувањето на политичките критериуми ги става Унгарија и Полска, и Малта, но ги споменува и Хрватска и Словенија како земји кои се соочуваат со забавени судски реформи и недостаток од транспарентност во јавната администрација.
Во неисполнувањето на економските критериуми се споменуваат Италија и Грција кои имаат со висок приватен долг, државна задолженост и дека тие би морале дополнително да ја зајакнат фискалната дисциплина и структурните реформи.
Во административно правните критериуми и ВИ Мајкрософт Копилот кажува дека во Унгарија, Романија и Бугарија има проблеми со дискриминација на Ромите, каде што образовните и станбените услови за оваа заедница се далеку од европските стандарди. Грција продолжува да го оспорува постоењето на македонско малцинство, а Франција и Германија често се критикувани затоа што слабо до заштитуваат исламското малцинство од растечкиот антимуслимански дискурс.
ВИ алатката Четбот (Chatbot) посочува дека поради Копенхашките услови некои од сегашните членки би се соочиле со проблеми при евентуално повторното влегување во ЕУ.
За Унгарија и Полска вели дека можат да ги загубат потребните демократски стандарди поради контроверзии со автономијата на судството и контролата врз медиумите, а ги наведува и Грција и Хрватска поради нивните историски проблеми со политичката стабилност.
Економски критериуми не ги исполнуваат Бугарија и Романија особено во области со висок степен на сиромаштија и корупција, што може да ги спречи да ја сочуваат економската стабилност.
Во делот на Административно-правни критериуми и оваа ВИ ги посочува Бугарија, Романија како земји кои се соочуваат со предизвици во борбата против корупцијата и организираниот криминал.
„Многу од овие земји имаат долга историја на кршење на правата на малцинствата. Ромите се најчестиот малцински групен проблем, особено во Бугарија, Романија, Унгарија и Грција, каде што нивните права и исто така условите во заедниците често се критикувани од ЕУ“ се вели во критериумите за правата на малцинствата.
Оваа ВИ како заклучок посочува дека „ако сите сегашни членки на ЕУ сега треба повторно да ги вршат процесите за членство, најголеми предизвици би имале земјите со сегашните политички, економски и социјални проблеми, особено оние со слабата независност на судството, високата корупција или сериозните проблеми со правата на малцинствата. Тука се издвојуваат Бугарија, Романија, Унгарија, Грција и Хрватска како земји кои треба особено да работат на унапредување на демократските стандарди, економската стабилност и заштитата на малцинствата за да исполнат Копенхашките критериуми“.
З. АНДОНОВ